Во очекување на амбасадорскиот состанок со кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Македонија , кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје што ги користи како алиби за блокирање на преговарачката рамка.

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, пак ги прави последните обиди за тргање на бугарската блокада со тоа што предлага имплементирање на Договорот за добрососедство да се одвивиа паралелно со пристапните преговори.