Етеричните масла се користат уште од античко време, а ако додадете неколку капки од ова етерично масло во бањата со млака вода, ќе почувствувате бројни придобивки.

Бањата со додавање на етерично масло од јојоба или жалфија може да ја подобри меморијата, но и да го стимулира сонот на посебен начин бидејќи му овозможува на вашето тело да се опушти.

Одамна е познато дека топлите кади се поврзани со подобрување на квалитетот на спиењето и здравјето на срцето.Температурата на водата треба да биде блиску до температурата на телото, помеѓу 35 и 37 ° C.

Со комбинирање на топла вода и капки масло од јојоба можете да ги намалите симптомите на настинка, но и да си помогнете ако имате проблеми со вртоглавица, како и болки во мускулите.

Од друга страна, ако користите етерично масло од жалфија, ароматичната пареа ќе ја олесни проодноста на дишните патишта, ќе ги исчисти синусите, ќе ја изостри концентрацијата и ќе ја зголеми можноста за помнење.

Пожелно е после ова капење да се туширате со млака вода малку поладна од онаа од кадата, за да се забрза циркулацијата.