Личносниот раст не паѓа од небо, ниту има голема врска со опкружувањето, условите и средината.

uspeh
Ако човекот не стане подобра верзија од себе, ќе стане полоша. Ист не може да остане!

Најмногу зависи од нашата работа на самите себе, а без посветена работа нема резултати.

Како што за едно дело ви е потребно труд, знаење, време и посветеност да го унапредите, така е и со личноста.
  • Личноста е проект 

Откријте што сакате да станете. Замислете ја својата најдобра верзија и направете план како да станете тоа.

На пример ако сакате да добиете витка линија, направете план за исхрана за секој ден и план за вежбање.

Ако немате план за реализација, најверојатно се ќе остане само на желба.

  • Зголемувајте си ги обврските секој ден

За мускулот да може да понесе повеќе, треба да се вежба на една тежина, а тогаш кога ќе ја освои, да се додаваат нови тежини.

Така е и со личноста. Секој ден додавајте си по една задача плус, се додека не дојдете до посакуваниот резултат.

Никогаш не се задржувајте на една скала, продолжете напред, само небото е граница!

  • Прифаќајте предизвици

Потрудете се работите да ги разберете како предизвици.

Ништо ново не сфаќајте како оптеретување, туку како шанса да научите нешто ново.

  • Натпревар со себе

Не водете натпревар со другите, туку со себе.

Натпреварот со другите е нереалев, резултатите се преврливи и релативни.

Натпреварот со себе секогаш се исплати повеќе, а вие гледајте да се победувате и надминувате секој ден и да станувате нова и подобра верзија на себе!

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Толстој открива: Кој е изворот на несреќата кај луѓето!
Следната статија100% природно: Домашен спреј од лимон за освежување на воздухот!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде