дома животен стил Легендарната рок група „Леб и сол“ летово ќе одржи низа концерти пред...

Легендарната рок група „Леб и сол“ летово ќе одржи низа концерти пред балканската публика

Најава за концерти на „Леб и сол“

478
0
Групата „Леб и сол“ летово ќе настапува пред црногорската публика. Закажани се концерти во Подгорица и Будва, а непосредно пред настапот на најпознатата македонска рок група во Црна Гора, на 7 јуни, Кокан Димушевски ќе одржи солистички концерт во Ниш, во рамките на фестивалот на класична музика „Константинус“. 

Кога станува збор за активностите на групата „Леб и сол“, ќе има интензивен период на концерти, а можеби и ново студиско издание. Легендарниот бенд ќе свири и во Црна Гора. Концертот во Будва е закажан за 17ти Јуни, во рамки на премиерниот јадрански танц фестивал во организација на ТО Будва. Пред тоа „Леб и сол“ ќе настапат на 15 и 16 овој месец во Подгорица.

Како и сите музичари во светот, го чекавме крајот на приказната со Ковид и да продолжиме да живееме нормално. И што е нормално за еден музичар освен да може да одржува концерти и да создава нова музика за да и ја претстави на публиката. Тргнавме да свириме што е можно повеќе и патем размислуваме за нов материјал што треба да го направиме наскоро. Се подготвува организација на концерти во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора… во преговори сме за мини турнеја од два-три концерти на Малта… Ќе ги има во изобилство, а репертоарот се состои композиции од сите периоди на групата „Леб и сол“, од првото до последното издание, изјави Димушевски за Радио Мост.

„Леб и сол“ е македонски и југословенски бренд кој постои речиси половина век, а Димушевски е член на групата од нејзиното основање во 1970-тите.