Дишењето е нешто што нашето тело го прави спонтано и дејство за кое главно не размислуваме, но ако станеме свесни за тоа и го тренираме, можеме да го промениме расположението, да излечиме болести, па дури и да го продолжиме животот, велат експертите.
Невообичаен метод на квадратно дишење е вежба за длабоко дишење што му помага на телото да се релаксира додека сте фокусирани на истовремено броење на здивот.
За разлика од другите вежби за дишење кои не користат пребројување на здивот или имаат нееднакви интервали помеѓу секој чекор, квадратното дишење е уникатно бидејќи има четири еднакви чекори, слични на четирите страни на квадратот.
Ако визуелизирате како нацртате по една линија на секој чекор од оваа вежба, на крајот ќе добиете квадрат, па оттука и името за оваа техника.
– Вежбањето може да се користи во кое било време од денот и може да биде корисно кога нивото на вознемиреност или стрес е на максимум – вели Дејвид Клемански, психолог и доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет во Америка.
Како се изведува вежба за дишење на квадрат?
Времетраењето на секој чекор може да се зголеми или намали во зависност од вашите желби и можности, но тоа обично трае од три до шест секунди.
За понатамошно опуштање, најдобро е да седите во таканаречениот турски сед.
Овој метод на дишење се состои од четири едноставни чекори:
- Вдишете полека четири секунди
- Задржете го здивот четири секунди
- Издишете полека четири секунди
- Задржете го здивот четири секунди
Целата вежба можете да ја повторувате околу една или до пет минути.
Одлучете сами дали ќе ги задржите очите отворени или не.
Здравствени придобивки од дишењето во квадрат
Корисно е да се изведува вежба секој пат кога ќе се чувствувате под стрес, но исто така можете да го правите секој ден во исто време за да формирате постојана рутина и долгорочни здравствени придобивки.
– Парасимпатичкиот нервен систем му помага на нашето тело да се смири со побавно дишење и намален ритам на срцето. Техниките на дишење, како што е ова квадратно дишење, ефикасно вклучуваат парасимпатички систем. Имено, кога дишеме побавно и подлабоко, нашето тело ќе почне да се релаксира – вели Клемански.
Различни вежби за дишење, вклучително и овој метод, обезбедуваат голем број придобивки, како што се:
- Намалување на стресот и вознемиреноста
- Подобар сон
- Подобра концентрација
- Подобрување на меморијата
- Подобрување на расположението
- Намалување на крвниот притисок
- Ако имате медицински состојби што го отежнуваат дишењето, како што се хронично опструктивно белодробно заболување, прашајте го вашиот лекар дали оваа вежба за дишење е соодветна за вас.