Сенегалските земјоделци се на пат да изградат свој Кинески ѕид – но нивниот ќе биде малку по-необичен. Ќе биде целосно зелен.

Доколку летате над градот Боки Диаве (Boki Diawe), во североисточен Сенегал, погледот на новопосеаните семиња во внимателно испланирани кружни градини кои изгледаат како окото на Сахара (што не трепнува), сигурно ќе ви го привлече вниманието.

Градините, локално познати како „Толу Кеур“, се најновата инкарнација на проектот Големиот зелен ѕид. Тие беа дизајнирани од Али Ндијаје, сенегалски земјоделски инженер кој не можеше да го напушти Сенегал кога границите беа затворени.

Иницијативата, која беше започната во 2007 година од страна на Африканската унија со поддршка од Европската унија, Светската банка и Обединетите нации, првично беше наменета да помогне да се спречи опустинувањето со задушување на Сахара додека се шири кон југ. Планот беше да се засади појас од дрвја широк 10 милји и долг 4.350 милји низ регионот Сахел, од Сенегал до Џибути.

Сепак, програмата наиде на голем број проблеми, вклучително и тешкотијата да се засадат дрвца во исушената савана и недостатокот на финансии. Според проценките на ОН, цитирани од Ројтерс, целокупната програма успеала да засади само 4% од ветените 100 милиони хектари дрвја, а нејзиното завршување до 2030 година како што беше планирано може да чини до 43 милијарди долари.

Кружната градина претставува нов, полокализиран пристап кон проектот Зелен ѕид.

Кружни дрвја за да се запре пустината

Растенијата и дрвјата отпорни на топли и суви поднебја, како што се папаја и манго, може да се најдат во градините, а еден од внатрешните криви редови е посветен дури и на лековити растенија. Три месеци по завршувањето на градината, инспекторите започнуваат двегодишна серија месечни инспекции за да го проверат напредокот.

Но, можеби ќе се запрашате, зошто тие се засадени во кружна форма. Причината за тоа се кружните подлоги кои дозволуваат корените да растат навнатре. Ова ги заробува течностите и бактериите и го подобрува задржувањето на водата и компостирањето.

Според Агенцијата за пошумување во Сенегал, градините „Толу Кеур“, кои очигледно делумно беа одговор на пандемијата на СОВИД-19 и денес бројат околу дваесетина, напредуваа откако проектот започна пред седум месеци. Кога Сенегал мораше да ја затвори својата граница за коронавирусот, селата мораа да станат посамостојни бидејќи многумина беа зависни од странска храна и лекови. Така се роди проектот.

Организаторите се надеваат дека стотици вакви градини ќе бидат изградени како дел од проектот, кој ќе ја зголеми безбедноста на храната, ќе го намали регионалното опустинување и ќе ангажира илјадници работници од заедницата.