Двајцата креатори на Телеграм групата Јавна соба во која се споделуваат порнографски слики од жени и девојчиња добија по четири години затвор, пресуди денеска Судот, пишува Фокус. 

Креаторот на групата, Дарко Костовски и администраторот Михаил Паневски се прогласени за виновни за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата Јавна соба биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата.

Според пресудата, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.