Сигурно сте слушнале дека кефирот е една од најздравите намирници, но можеби не сте знаеле дека може да ви помогне при нега на сува кожа и коса.
Можете да намачкате и со кефир на целото тело, а особено им помага на луѓето кои имаат екстремно сува кожа на рацете.
Најдобар ефект ќе имате доколку го користите и за надворешна и за внатрешна употреба.
- Маска за лице
Намачкајте го кефирот по целото лице и почекајте да се впие. Постапката повторете ја, додека не видите дека кожата повеќе не се впива – тоа значи дека е доволно хидрирана, па исплакнете со млака вода.
- Кефир против темни кругови
Кога ќе се истакнат темните кругови околу очите, измешајте 1 лажичка лимон и 2 лажички кефир и натопете ги очните капаци.
Лимонот помага во нивното избелување, а кефирот во хидратацијата. Исплакнете со млака вода кога сè ќе се впие и ќе изгледате многу посвежо.