Пациентите кои се позитивни на коронавирус имаат зголемен ризик од развој на ментална болест, хроничен замор и проблеми со спиењето, меѓу другите проблеми, според новата студија на 226.521 луѓе од Обединетото Кралство помеѓу февруари и декември 2020 година, пишува Medical Express.
Студијата објавена во списанието JAMA Network Open покажа дека луѓето кои имаат коронавирус пријавуваат дури шест пати повеќе проблеми како што се замор или проблеми со спиењето од оние кои добиваат негативен тест дури и ако никогаш претходно не посетиле лекар за истите болести.
–Иако заморот е очигледна последица на Ковид-19, ризикот од развој на проблеми со спиењето е исто така многу висок, рече еден од научниците во студијата, д-р. Матијас Пирс.
Исто така, има зголемување на пријавувањето на ментална болест од дури 83 проценти откако некое лице ќе се разболи од коронавирус, но др. Пирс објасни дека врската помеѓу менталните нарушувања и ковид треба подетално да се анализира.
Професорот Роџер Веб, друг коавтор на студијата, објасни дека нивните резултати се конзистентни со оние добиени во другите држави.
–Откривме зголемен ризик од ментална болест, самоповредување, замор и нарушен режим на спиење кај луѓето кои беа позитивни на инфекција за време на пандемијата.
За научниците е голем предизвик да ги утврдат точните причини за овие врски. Многу е важно заболените од коронавирус да научат да ги препознаваат долгорочните последици од болеста за да можат да го пријават на своите лекари.