На барање на Синдикатите и во тесна соработка со Владата, подготвен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи.

Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.

Со овој Предлог закон, како што рече, се овозможува над 92 проценти од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот.

Исто така, измените предвидуваат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Што се случува со вашето тело ако наеднаш престанете да пушите цигари?
Следната статијаКовид инфекцијата остава трајни последици по менталното здравје на луѓето

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде