Високото ниво на хормон на стрес, кортизол, во косата може да укаже на срцев удар со месеци пред да се појави неволја.

Канадските научници истражувале како проблемите на работа, бракот и финансиските проблеми го зголемуваат ризикот од кардио васкуларни болести и утврдиле дека постои биолошки маркер што може да се искористи за да се предвиди срцев удар.

Традиционално, кортизолот се мери со анализа на крв, урина и плунка, но сите овие примероци покажуваат нивоа на кортизол во деновите и часовите пред анализата, објаснуваат професорите Стен Вен Минд и Гидеон Корен од Универзитетот во Западен Онтарио.

Сепак, тоа е различно со косата. Косата расте во просек еден сантиметар месечно, а нагло растење на коса во должина од 6 сантиметри може да покаже нивоа на стрес за многу подолг период.

До ова сознание се дојде со анализа на примероци од коса од 56 лица кои имале срцев удар, т.е. со споредување на резултатите од оваа анализа со резултатите од анализата на примероци на коса кај мажи кои страдале од други болести и немале срцев удар.