Анализа на примероци од 959 луѓе, сите без симптоми на ковид-19, кои биле дел од скринингот за тумори на белите дробови, во периодот од септември 2019 до март 2020 година, покажала дека 11,6 отсто од нив или 111 од 959 лица имале во себе антитела на корона вирус, се наведува во заклучокот на Институтот за онкологија во Милано, во соработка со Универзитетот во Сиена.

Анализиравме и проучивме присуство на специфични антитела поврзани со појава на вирус во примероци од крв кај 959 асимптоматски лица поврзани со ковид-19, кои беа дел од скрининг за тумори на белите дробови. Специфични антитела на Сарс-Ков-2 РБД се откриени кај 111 лица од 959 (11,6 проценти) заклучно со септември 2019 година (14 проценти) со група позитивни случаи (над 30 проценти) во втората половина на февруари 2020 година, со најголем број беше во Ломбардија (53,2 проценти) – соопшти Институтот.

Од 111 случај, 23 се од септември 2019 година, 27 од октомври, 26 од ноември, 11 од декември, три од јануари 2020 година и 21 лице од февруари. Позитивните луѓе се претежно од Ломбардија, потоа од Пиемонт, Лацио, Емилија Ромања, Тоскана и Венето.