При спомнувањето на оригано, повеќето луѓе мислат на зачин со специфичен мирис без кој пиците и тестенините се незамисливи.

Сепак, поради лековитите состојки и есенцијалните масла што ги поседува, ориганото е исклучително ефикасно за бројни здравствени проблеми.

Истражувањата покажаа дека има два до три пати повеќе антиоксидантно дејство од другите растенија, па дури 42 пати од јаболката, 30 пати од компирот, 12 пати од портокалот, четири пати од боровинките…

  • Чајот од оригано е благодет за телото

На пример, чајот од оригано регулира бројни здравствени проблеми предизвикани од пад на имунитетот и нарушување на цревната флора, кај бронхитис, настинки, болки во грлото.

Вкусот му е, всушност, чуден (силен, горчлив, откако ќе го испиеме долго го чувствуваме во уста…), па затоа е најдобро подготвен чај во кесички да го купите во аптека или продавница за здрава храна.

Доколку сакате да го направите сами, ставете една лажичка до два мелени листови оригано во тенџере со зовриена вода. Оставете покриено најмалку пет минути. Потоа процедете и пијте.

Ако чајот е покриен во поголем чајник, колку подолго стои, толку станува повкусен. Важно е да не се излади целосно, бидејќи тогаш неговиот вкус не е многу пријатен.