дома информација вест Контроверзниот милијардер Илон Маск ги срушни соништата на едно детенце

Контроверзниот милијардер Илон Маск ги срушни соништата на едно детенце

Илон Маск му противречеше на својот фан кој инаку е дете од 13 години во приватна кореспонденција

401
0

Контроверзниот научник, милијардер, филантроп и многу повеќе, Илон Маск, честопати излегува во јавноста и коментира за сè и за сешто.

Од корона вирус, мотори, вакцинации, ракети, чипови до живот на други планети.

Маск добил порака од тринаесетгодишник од Австралија, кој е голем обожавател на креаторите на компании како што се „Невралинк“, „Тесла“ и „Спејс Икс“ …

Бредли во писмото спомнал дека своето куче дури го именувал според компанијата „Тесла“ на Маск, која пак беше именувана по српски научник – Никола Тесла. Ова момче спомна дека напишал композиција за неговиот идол, Илон Маск, дека добил висока оценка и дека наставникот му рекол дека овој научник е голем човек и уште поголем мислител.

Откако му се заблагодари што толку многу го инспирираше, Бредли го праша дали смета дека има живот на друга планета освен на Земјата.

Одговорот на Маск беше многу песимистички. Ми се чини дека нема живот во овој сончев систем, првично напиша Илон Маск, а потоа додаде: Можеби под мразот на Европа (Еден од четирите сателити на планетата Јупитер) или екстремофилна бактерија под површината на Марс.