дома информација вест Радикален ислам во Париз: Се сечат глави на наставници

Радикален ислам во Париз: Се сечат глави на наставници

Во петокот вечерта во околината на Париз беше најден трупот и главата на несреќен професот, убиен од радикален исламист

673
0

Уште откако во петокот вечерта се случи сериозно злосторство во близина на Париз, во кое терористот Абдулах Анзоров го обезглави наставникот Самуел Пати, им се оддава чест на убиените низ цела Франција.

Претседателот Емануел Макрон вчера ги прими членовите на неговото семејство во Елисејската палата за да им изрази сочувство.

Тој исто така ги информираше дека националната почит кон несреќниот професор ќе се одржи во среда.

Претседателот на конференцијата на имами во Франција, Хасен Шалгуми, дојде во училиштето со десетина имами и цвеќиња во рацете и им се извини на наставниците и семејството.

Сите сме Самџиел Пати, рече Шалгуми, остро осудувајќи го злосторството.