Секоја комуникација има своја крајна цел. Во зависност од тоа каков тип на комуникација водите, детерминирана е и вашата цел.

Ако имате деловен разговор, крајната цел на разговорот е да постигнете некој заеднички договор или корпус од правила кои ќе ги следите во заедничката работа.

За овој тип на комуникација е потребно да внесете што е можно повеќе информации и разум и што е можно помалку емоции.

Еве со кои комуникациски алатки да се служите за да постигнете договор:

  • Бидете директни и конкретни 

Дојдете со конкретен предлог или анализа. Никогаш не доаѓајте не подготвени на деловен разговор и не дозволувајте преку импровизација да дојдете до договор.

Во тој случај договорот ќе значи само ваша инструментализација, односно другата страна на преговорите, со својот конкретен и единствен предлог ќе се наметне како конечно решение.

Тоа може да ја оштети вашата страна, а немате алтернатива што може да ја понудите како предлог, што значи дека мора да го прифатите предлогот на другиот.

  • Избегнувајте да разговарате за теми кои не се деловни 

Секој разговор кој е полуприватен не е наменет за времето кога се водат преговори.

Такви разговори нека почекаат за после склучување на договорот.

Држете го фокусот на она што е важно за деловната цел.

  • Не се наметнувајте, но и не стојте настрана 

Искажете ги вашите услови јасно и гласно, но не инсистирајте на нив.

Со инсистирање да ја наметнете вашата страна ќе дадете впечаток дека она за што преговарате е многу важно и дека не сте подготвени на отстапки.

Неподготвеноста да се направи компромис, на другата страна и сигнализира дека нејзините барања не се почитуваат.

  • Бидете кратки

Не трошете многу време на разговор, ако не успеете да се договорите во првите 10 минути за првата ставка од договорот, тогаш нема смисла да го продолжите преговарањето.

Заштедете си го своето време и заминете од состанок доколку за кусо време не дојде до прифаќање на едноставни решенија од двете страни.