Новата веб-страна на Wizz Air има распоред кој е лесно прилагодлив на секоја големина на екрани: смартфони, таблет или десктоп и е полесна за користење од било која друга тековна авионска веб-страна.

Револуционерната функција (експресно резервирање) „Express Booking“ е првата функција од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди.

Визер најпрво ја воведува мобилната верзија на веб-страната, со цел да се запознае со потребите на технолошките експерти, корисници на Визер, како последица на дуплирањето на трансакциите од мобилен од година во година.

Започнувајќи со својот прв лет во Скопје во 2011 година, Визер константно ги зголемува своите операции во регионот.

Авиокомпанијата моментално е најголемата во Македонија, во однос на расположливиот капацитет и плaнира истиот во 2016. година да го зголеми за 22%.

Визер брои пилоти и тим од 115 вработенин и расолага со 3 авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2,2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.

ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со зголемување од 22% на вкупниот број на патници на двата аеродроми во Македонија – Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патници.

Трендот на зголемување на авио-сообраќајот продолжува и оваа година. Во првите 4 месеци од 2016 година преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28% повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на операциите (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е пораснат за 15%.

Авиокомпанијата „Визер“ најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.

Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19.99 EUR.

Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска

Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер сега нуди уште поголем избор на дестинации за Мкедонците. Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони.

Доколку денеска ја отворивте страницата на „Визер“, веројатно веќе го испланиравте следното патување.

Имено, на почетната страница веднаш ќе ви се појави можеби најубавата вест на денот, а тоа е дека се продаваат билети за само 2 евра.

Промоцијата важи за одредени летови и зависи од достапностa. Цена е за еднонасочен лет, заедно со административната такса.

Цената опфаќа една рачна торба (макс. димензии: 40x30x20 cm). За торба со тркалца и секое парче пријавен багаж, треба да се доплати. Цената важи само за резервации извршени на wizzair.com и апликацијата за мобилни уреди WIZZ.

Наведениот број на билети (50 илјади) по цена од 1,99 евро важи на 14 декември 2021 година за одредени летови со поаѓање пред 28 февруари 2022 година – соопштуваат од компанијата.