Вегетаријанството е движење, начин на живот, како и начин на јадење што го практикуваат милиони луѓе ширум светот.

Некои поради здравствени проблеми, други затоа што сакаат да се хранат здраво, а трети едноставно сакаат да бидат хумани и да не убиваат животни.

Сјајна кожа, посилни нокти и повеќе енергија се само некои од придобивките на вегетаријанската диета кои ќе ги истакнат оние што јадат на овој начин.

На очекуваното траење на животот влијаат различни фактори, вклучувајќи комбинација на гени, како и фактори на животната средина.

Во студија која вклучувала идентични близнаци, научниците откриле дека гените влијаат на околу 30 проценти од нив, што значи дека тоа е најголемата група на фактори во човековата околина.

Од различните фактори на животната средина, научниците детално испитале еден – исхраната.

Тие анализираа како влијае на количината на храна што ја јадеме, но исто така и на она што го јадеме, а потрошувачката на месо беше ставена „под микроскоп“

Студија спроведена на 100.000 Американци во период од пет години покажа дека вегетаријанците имаат помал ризик од смрт во тој период отколку оние кои јаделе месо.