Уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место парламентот да им ги изгласа со закон, пишува СДК.

Кај нас, со посебни закони за плати на судиите (во редовното судство) и на обвинителите се регулирани надоместоците на овие две професии, како што е секаде пракса во светот кога станува збор за ризици во работата. За уставните судии таков закон нема, зашто тие земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а немаат ни толкав ризик во работата.

Уставните судии не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија. Не одат на увид на несреќи, не трпат таков тип ризик во работата. А тие токму за овие ризици си предвиделе надоместоци со Деловник за работа.

Повеќе на СДК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде