Запознајте ги трите најважни витамини за правилно функционирање на нашето тело и имунолошкиот систем – витамин Ц, Д3 и Б12.

Еден од главните столбови на добриот имунитет, а со тоа и на добро здравје воопшто, секако е балансиран внес на витамини, минерали и други вредни хранливи материи.

Во соодветни количини, тие нè штитат од замор, настинки, го забавуваат стареењето, го намалуваат ризикот од болести, наводно дури и од малигни заболувања.

Покрај тоа, тие му овозможуваат на телото да користи јаглехидрати, масти и протеини, тие се неопходни за нормален раст, варење, ментални процеси и за зголемување на отпорноста на организмот кон инфекции.

Денес, во светот се познати 13 видови витамини, од кои А, Д, Е и К се растворливи во маснотии и се чуваат во телесните масти, додека другите девет се растворливи во вода и телото не ги складира, но мора да се внесува секојдневно преку храна.