Разликата помеѓу доброто и злото понекогаш е многу матна и непрепознатлива.
Многу пати во животот ни се потврдило дека онаа што изгледало како добро, всушност не било добро и она што изгледало како зло, се испоставилно дека е на добро.
Исконски облици на добро и зло непостојат, во секое зло има и нешто добро и во секое добро има и помалку зло.
Иако не постои универзален тип на карактеристики што ги имаат добрите луѓе, некои од нив се фундаментални да кажете за некој дека е добар човек:
- Искреност
Не ги истакнува само своите јаки страни, туку е свесен и за своите маани и не ретко зборува за нив.
Искреноста е многу важна да знаете со кој си имате работа.
Злото често е скриено во лицемерието и лукавоста, кои се претвараат дека се добри, а во суштина се крие зла намера.
- Правичност
Добрите луѓе се правични и никогаш не заземаат страна поради пристрасност.
Тие ќе ви кажат на која страна натежнува терзијата без разлика на тоа, дали и нив лично таквата состојба им се допаѓа.
- Едноставност
Добрите луѓе се едноставни во се, затоа и ви е лесно да седите со нив, па дури да ги слушате и со часови како ви зборуваат.
- Не осудуваат
Тие не судат за никој, имаат свое мислење за постапките на луѓето, но за ништо не обвинуваат конкретно некој.
Не се подготвени на линч кон одредена личност и имаат голема емпатија кон луѓето.