Многу често улогата на психологот и духовникот во животот се меша.

Па така луѓето кои побарале помош од психолог сметаат дека не им треба духовник и обратно.

Во принцип тоа верување е целосно погрешно, поради што луѓето се половично третирани и губат верба во психологот / духовникот кај кој се обратиле за помош.

Вистината е дека, човекот е и духовно и псхолошко суштество и дека и двата аспекти треба да се третираат од различни инстанци и со различни пристапи.

На пример, психологот може да ни даде конкретни упатства како да ја преболиме поранешната љубов, или смртта на ближниот, додека духовникот суштински ќе ни ги објасни и концептите на љубов и смртта.

Пристапот на психологот е конкретен, пристапот на духовникот е апстрактен. Но без да ја разберете суштината на љубовта, не можете да ги разберете советите на психологот.

Без да разберете што е смрт, нема да можете да ја победите болката поради загубата на бижниот.

Еве во кои ситуации треба да побарате помош од психолог, а во кои од духовник:

  • Изгубен мир 

Ако не се случило ништо конкретно, што ќе го наруши вашиот мир, подобро е да отидете на разговор кај духовник.

Тој ќе ви објасни што значи мирот и зошто е важно да се чувствувате мирни.

Но ако конкретно случување придонело за губење на вашиот мир, тогаш обратете се кај психолог.

Кога веќе можете да ја рационализирате причината за изгубениот мир, психологот полесно ќе ви помогне преку конкретни техники и методи да го вратите изгубениот мир.

  • Имате потреба од помош

Ако чувствувате дека имате потреба од помош обратете се кај духовник.

Духовникот ќе ви пренесе топлина и мир преку разговорот со него.

Но ако нешто конкретно се случило во вашиот живот, а кои не сте во можност сами да го надминете, обратете се кај психолог.

*Во принцип општиот пристап на духовникот може да ви помогне да ги освестите причините за вашите проблеми, а објективниот метолошки пристап на психологот може да ви помогне на конкретен начин да дојдете до решенија!

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Прва помош за пациенти кои доживуваат мозочен удар!
Следната статијаКако да си самопомогнете: Самопомош и библиотерапија!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде