Не секој возрасен човек е зрела и самодоволна единка.

Многу луѓе и во сериозни возрасти остануваат зависни од другите луѓе и не се подготвени да понесат одговорност за своите постапки.

Да се каже за некој дека е самодоволна и зрела личност потребно е:

  • Реагирање на туѓи мислења 

Ако некој не е подготвен да се справи со туѓи мислења за себе, тогаш тој нема мислење за себе.

Човекот кој нема изградено мислење за себе и не знае кој е, секој може да му каже што треба да стане!

  • Контрола на емоции

Зрела личност знае како да ги контролира емоциите и никогаш не се делува неартикулирано за средината.

Таа има емоции, но и емоционална интелигенција, да препознае потекло на емоции, оправданост, трајност на емоциите и што тие значат во нејзиниот живот.

За зрела личност емоциите се ориентир во кој правец се движи нејзината личност низ животните искуства!

  • Се прифаќаат себе 

Тие се свесни дека не се перфектни, ама се допадливи поради нивната неперфектност.

Не се плашат да ги истакнат своите маани и слабости на ист начин како и нивните доблести и јаки страни.

Просто им е поважно да се свои, отколку туѓи и да се водат по парадигмата дека некому треба да се допаднат!