Граѓанската организација „Коалиција за заштита на децата“ објави јавно соопштение во кое ја обвини Првата детска амбасада „Меѓаши“ за ширење на заблуди и збунетост кај децата, кои меѓудругото вклучуваат категории како бременост, сексуално и репродуктивно здравје помеѓу деца, како и абортуси.

Таканаречената прва детска амбасада во светот се залага за афирмирање на заблудите и збунетоста на децата, со тоа што признаваат дека постои некаков си “родов идентитет” и SOGIESC деца, посочитуваат од Коалицијата зза заштита на децата.

Според нив, SOGIESC е англиски акроним, кој означува сексуална ориентација (Sexual Orientation), родов идентитет (Gender Identity), родово изразување (Gender Expression) и полови карактеристики (Sex Characteristics), објаснето од страна на Советот на Европа.

Меѓаши во своите извештаи отворено ги содржи сите штетни терминологии, за кои мнозинството родители се кренаа на нозе. Цитираме: “Категорија Сексуалност и родов идентитет-Дојави поврзани со прашања поврзанисо сексуалноста, сексуалната ориентација и родовиот идентитет и изразување. Категоријата Физичко здравје се однесува на прашања поврзани со ХИВ / СИДА, Медицински проблеми, Бременост и абортус како и Сексуално и репродуктивно здравје.” , велат тие во своето соопштение за јавност.

Покрај тоа, Меѓаши е во интензивна долгогодишна соработка со најголемиот промотор на ЛГБТ+ родовата идеологија во образованието ХЕРА, што може да се види од Монографијата од 2022 год.

На крај Коалицијата за заштита на децата испрати апел до родителите за препознавање која организација навистина се залага за доброто на децата, според нив потребно е само едно: поставете им го прашањето дали постојат “транс-деца” и дали жена може да има пенис, и веднаш ќе ви стане јасно!, стои во соопштението.

Побаравме изјава и од Првата детска амбасада „Меѓаши“, но денеска на нивниот телефон се јави дежурна вработена која не упати прашањата од интерес на јавност да ги поставиме преку е-маил, на новинарските прашања испратени до „Меѓаши“ се уште не добивме одговор.