Нивото на морето во близина на Нов Зеланд во некои делови се зголемува двојно побрзо од очекуваното, што им се заканува на двата најголеми града во државата. Тоа се нагласува во студија чиии резултати се објавени денеска.

Податоците собрани долж брегот на земјата покажаа дека некои области веќе тонат три до четири милиметри годишно.

Проекциите се резултат на обемната петгодишна истражувачка програма наречена „NZ SeaRise“.

Програмата е финансирана од владата и имплементирана од десетици новозеландски и меѓународни научници.

Според експертите, властите имаат помалку време од очекуваното да планираат како да се прилагодат на последиците од климатските промени, особено на преселувањето на жителите кои живеат покрај брегот.