Кинеските државни медиуми шират теории во кои се тврди дека панемијата на коронавирус започнала надвор од Кина, пред истрагата на Светската здравствена организација за потеклото на вирусот, пишува Фајненшл тајмс.

„Пипл дејли“, официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина, преку социјалните мрежи известува дека „сите достапни докази“ сугерираат дека вирусот „не започнал во кинескиот град Вухан“.

Објавувањето на социјалната мрежа следи серија изјави на кинески официјални лица и научници кои се обидоа да го доведат во прашање верувањето дека Сарс-Ков-2, вирусот што предизвикува КОВИД-19, најпрво се проширил на луѓето во Кина.

Една од идеите што се промовира е дека вирусот бил донесен во Вухан со замрзната храна или нивно пакување и дека неговото ширење било интензивирано само на локалните пазари.

-Ако се сетиме на раната избувнување на епидемијата во Вухан на почетокот на годината, пациентите од пазарот на морски плодови во Хуанан беа концентрирани во делот со замрзната морска храна … Сите овие траги покажуваат дека увезената замрзната морска храна е потекло на епидемијата, рече тој. Ву Jунг, епидемиолог од кинескиот центар за контрола на болести.

Научниците претходно пронајдоа докази дека вирусот може да остане активен во ладна средина подолго време, но експертите надвор од Кина во голема мера се согласуваат дека транспортирањето на замрзната стока претставува незначителен ризик да предизвика инфекции.

Кина тврди дека е отворена за истражување на потеклото на вирусот. Сепак, првиот тим испратен од Светската здравствена организација да утврди упатства за подоцнежни студии не го посети Вухан.

Во понеделникот, Мајкл Рајан, извршен директор на здравствената програма на СЗО, рече дека тимот треба да започне потрага во Вухан и да ги следи доказите од таму.

Напорите на Кина да докаже дека вирусот потекнува надвор од земјата се закануваат да ги влошат веќе влошените односи со САД во последните недели од мандатот на претседателот Доналд Трамп.