На денешната седница на Кризниот штаб на Србија, беше одлучено да се воведе „ковид“ пасош во Србија.

Уредбата за воведување сертификат за вакцинација против ковид-вирус треба да се донесе на утрешната седница на Владата на Република Србија.

Кризниот штаб одлучи дека нема да бидат потребни пропусници за аптеките и продавниците.

Сепак, според информациите, се уште нема сигурни информации за кои услужни активности ќе важи валидноста на пропусницата, но сигурно е дека ќе се користи за ноќни клубови и барови.

Засега беше најавено дека ковид пропусниците ќе треба да бидат покажани по 22 часот во угостителските објекти кои работат на затворено.