Вистинските џентлмени се хедонисти, тие наоѓаат причина за уживање во секоја ситница и во секој детаљ.

Тоа ги прави постојано мотивирани и оптимистични. Но и во вистинското уживање тие имаат строго поставени граници и правила.

Вистинскиот џентлмен не претерува во ништо – храна, пијалок, цигари и др. работи кои се извор на задоволството.

Генерално ставот на џентлмените кон хедонизмот може да се специфицира во 4 атрибути:

Помалку е повеќе

Тие не се расфрлаат непотребно со материјални нешта. Напротив се внимателни во дозирање на работите кои им предизвикуваат уживање.

Вообичаено во животот се водат од паролата „Помалку е повеќе“ (Less is more).

Мерка

Ако нивната мерка е неколку чаши виски, тие ќе се задржат на сопственото мерило и нема да потпаднат под влијание да испијат уште една.

Едноставно имаат мерка и во јадењето и во пиењето и тоа им дава поголемо чувство на уживање во дозата која е одредена по нивна мерка.

Изострени сетила

Тие не ставаат „се и сешто“ во своја уста. Напротив имаат многу добро изострено сетило за вкус кое препознава диверзитет на вкусови.

Не јадат да се најадат и не пијат да задоволат само потреба, туку да уживаат во секој составен микро елемент.

претходниот член,Најголем број од луѓето умираат од ковид поради автоантитела кои не го напаѓаат вирусот туку организмот
Следната статијаСрбите покрај „Фајзер“ и „СпутникВ“ ќе имаат сопствено производство и на „Синофарм“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде