Исхраната е најважна за луѓето кои планираат да симнат неколку килограми, а сепак да го зачуваат здравјето.

Затоа, сите кои внимаваат на својот изглед и здравје, треба да имаат план на исхрана до кој ќе се придржуваат.

Наш предлог за тоа како треба да изгледа вашето дневно мени:
  • Пред појадок 

Сигурно сте слушнале дека појадокот е најважниот дел од оброците. Затоа треба да внимавате колку калории ќе внесете наутро.

Пред појадокот најдобро е да внесете барем 500 мл. вода – свежа, со лимон или чај без шеќер.

  • Појадок

А потоа да го изберете омиленото овошје за појадокот.

Овошјето содржи фруктоза, шеќер кој ќе ви го оджи високото ниво на енергија во организмот и нема да ви го оптерети системот за варење.

Едно јаболко, банана, праска или неколку парчиња лубеница се одличен избор за појадок.

  • Ручек 

Ручекот треба да се јаде додека сте во работно време, измеѓу 12 и 14 часот.

Во принцип помеѓу трите оброка треба да оставите најмалку 4 часа простор.

Ручекот треба да содржи протеини, па затоа најдобро е да јадете јајца и пилешко месо со многу салата.

Јајцата и пилешкото месо се извор на протеини и здрави масти. Додека салатата ќе ве снабди со потребните витамини и минерали на дневна основа.

Ако имате потреба да внесете јагле хидрати во оброкот, тогаш наместо леб изберете тоа да биде ориз.

Строго избегнувајте леб од пченично брашно доколку имате намера да слабеете!

  • Вечера 

За вечера е важно да внимавате да не внесете многу јагле-хидрати.

Може да изедете неколку парчиња лубеница или диња и секако течна храна.

Згответе си супа со повеќе зеленчук и помалку тестенини.

Супата брзо се вари, а сепак е калориски доволна да ги смири вашите апетити.