Секој од нас во животот се соочил со несоница, тој проблем се радикализира повеќе во текот на летниот период поради повисоките температури.

Летото е период кога денот трае подолго, а ноќта е пократка, што исто така има влијание врз квалитетот и должината на сонот.

Ви предлагаме неколку навики што треба да ги примените непосредно пред одење во кревет за подобрување на квалитетот на сонот:
  • Температура во собата 

Тополината може да биде непријател на сонот. Намалување на температурата е сигнал до мозокот дека треба телото да се подготви за сон.

Затоа, обидете се да ја намалите температурата во собата, со отворање на прозорци или пуштање на клима неколку часа пред одење во кревет.

  • Помала изложеност на зрачење 

Не гледајте во екрат барем два часа без заспивање.

Тоа значи дека не треба да заспивате со телефон, ТВ или лап топ.

Примањето на светлината од екраните може да испрати порака во вашиот мозок дека треба да е се уште активен.

  • Вода 

Дехидрирањето може да биде причина за несоница.

Осигурајте се дека сте испиле барем 2 литра вода во текот на денот.