дома информација вест Како непостапување по службена должност на полицаец однесе гостиварка во смрт?

Како непостапување по службена должност на полицаец однесе гостиварка во смрт?

Фемицид во Гостивар, полицаец не интервенирал по поднесена пријава

451
0

Одделот за внатрешна контрола при МВР, во одговорот на претставка поднесена од Хелсиншки комитет за човекови права за третиот фемицид годинава, наведе дека веднаш откако синот дознал за физичкото насилство врз мајка му сторено од неговиот татко, истата вечер го пријавил случајот кај полицискиот службеник на влезот во дежурната служба.

Полицискиот службеник му побарал телефонски број на синот, му дал насока да биде во близина на куќата на неговите родители и да чека телефонски повик од него. Сето ова поради тоа што сите служби на ПС од ОН Гостивар биле ангажирани за претрес во с.Здуње.


Вечерта синот разговарал телефонски со полицискиот службеник, кој поради тоа што било многу доцна му сугерирал следниот ден заедно со мајка му да го пријават таткото за семејното насилство.


Утрото околу 6 часот, синот дознал дека таткото ја убил мајката со секира.