Исто како што физичката активност помага во спречување на дијабетес и срцеви заболувања, така и дружењето има влијание врз намалување на ризикот од деменција во староста, според истражувањето објавено во Журнал за геронтологија: психолошки науки.
Сепак, во оваа 2020 година, дружењето мораше да биде сведено на минимум, но беше можно да се замени со видео повици и текстуални пораки.
Бидејќи, резултатите од истражувањето покажаа дека социјализацијата за време на пандемијата е поважна од кога било, особено за мозокот.
Дружењето со луѓето и правењето планови за иднината се многу важни за здравјето на мозокот.
Оваа студија покажа дека постарите луѓе, кои редовно се дружат со пријателите, имаат некое хоби или посетуваат одредено образование имаат поздрав мозок.