По најавата дека Србија ќе и ги испорача на Македонија првите дози од вакцината „Фајзер“ по набавна цена.

Станува збор за 8.000 дози на вакцини кои наскоро ќе пристигнат во Македонија.

Оваа вест вчера ја соопшти премиерот на Македонија, Зоран Заев и ги откри деталите од договорот со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На денешната прес-конференција за новинари, српскиот претседател Александар Вучиќ истакнал дека вакцините се чин на пријателство и братство со Македонија и тие се задоволни доколку и македонските граѓани се задоволни од овој гест.