Во времето на Лутер, Црквата им ветува на верниците некои навистина привлечни зделки, ако си направил грев и стравуваш од вечното проклетство во задгробниот живот се што треба да направиш е да си купиш индулгенција. На почетокот на 16 век црквата ангажира „професионални агенти“ за спасение кои крсостуваат по градовите и селата и продаваат индулгенција за точно одредена цена.

Бараш влезна виза за рај? -Дај десет златници. Сакаш ли покојниот дедо Ханс и баба Гертруда повторно да се заедно? -Нема проблем, но тоа ќе те чини 30 златници. Најпознатиот од овие шиткачи бил домениканскиот калуѓер Јоханес Тецел кој наводно велел дека во оној момент кога монетата ќе затропала во чекмеџето, душата одлетувала право од чистилиштето во рајот.

The Reformation at 500: Grappling with Martin Luther's anti-Semitic legacy  - Macleans.ca

Колку повеќе размислувал за ваквиот договор, толку повеќе Лутер станувал се посомничав, воедно и кон Црквата што го нудела. Спасението не може едноставно да се купи. Папата не може просто да го има тоа овластување да им ги простува гревовите на луѓето и да им ги отвара вратите кон рајот. Според простестантската традиција на 31 октомври 1517 година Лутер се упатува кон црквата посветена на „Сите свети“ во Витенберг, носејќи еден подолг документ, чекан и неколку клинци.

Документот содржел 95 тези против религиозните практики од тоа време, вклучително и против продавањето индулгенција. Лутер го заковал документот на влезната врата на црквата со што ја разгорува протестантската реформација, која ги повикува сите луѓе загрижени за спасението да се побунат против власта на папата и да бараат нов пат кон рајот.

Од гледна точка на историјата, духовното патешествие е секогаш трагично, затоа што е тоа осамено патешествие што повеќе им прилега на поединците, а не на општествата. За да соработуваат на луѓето им требаат и цврсти одговори, не само прашања и затоа оние кои се бунат против скаменетите религиски структури накрај најчество воведуваат нови структури кои ќе ги заменат старите.

Тоа се случува со дуалистите чији што духовни патешествија се претвораат во институционална религија. Тоа се случува и со Мартин Лутер кој откако ги предизвикува законите, институциите и ритуалите на католичката црква, се зафаќа со пишување на нови книги со нови закони, и со воведување на нови институции и нови церемонии.