Многумина мислат дека за да се постигне ефектот на природен изглед жените не треба да преземат НИШТО.
Ова е апсолутна заблуда, бидејќи природниот изглед подразбира грижа и внимание за својот изглед.
Единствена разлика е во тоа што, жените со природен изглед не користат премногу шминка, не се нападни и пренагласени.
Тие користат козметика, но не користат многу шминка.
Природниот изглед значи:
- Грижа за косата
Да изгледате природно не значи да изгледате неуредно. Па затоа грижата за вашата коса е секогаш на прво место!
Потрудете се вашата коса секогаш да ја има сличната боја на вашата природна коса, да биде чешлана и обликувана (без разлика дали ја носите права или виткана).
Изгледот на косата открива колку сте уредни и колку време посветувате на себе!
- Минимално нагласување на цртите со шминка
Жените со природен изглед ја користат шминката само да нагласат некои свои црти, но не буквално да го пресликуваат своето лице и да не личат на себе.
Има мала, дури и минимална разлика во нивниот изглед без шминка и со шминка.
Шминката ја користат само да го освежат изгледот, или минамлно да ги приктријат „знаците на умор“ како што се подочњаците или иритирана кожа.
- Аксесоари
Природните жени се едноставни, тие немаат аксесоари, пренагласен накит, тетоважи или пирсинзи по телото.
Едноставно се грижат што е можно повеќе да ја задржат својата автентична форма, а не од своето тело да прават излог за накит или уметничко платно за сликање тетоважи.
Умерени се со секој детаљ без разлика дали е чанта, ланче, нараквица, обетки, очила за сонце или женски часовник.
Секогаш носат само по 1 аксесоар!