Оние што имаат среќа се опкружени со позитивни, конструктивни и колеги им се поддршка на работното место. А оние кои имаат премногу среќа, никогаш не се сретнале со токсични колеги на работното место. Можеме и на поинаков начин да погледнеме на оваа тема: оние што имаат најмногу среќа се луѓето кои имале искуство со токсични луѓе на работното место, се научиле да се справат со нив и станале посилни кога ја совладале оваа вештина.
- Како да процените кој е токсичен колега?
Ако некој вработен згрешил или пак импулсивно реагирал, тоа не е токсична карактеристика. Ако мотивацијата или перформансите на вработениот паднале, тоа исто така не го прави токсичен. Доколку вработениот влезе во некој конфликт, ниту тоа не го прави токсичен.
Токсичноста е однесување кое не е конструктивно во континуитет, таа зрачи со манипулација или загрозување на туѓото време, емоции, интереси и работа. Токсичен вработен е оној, во чии намери не верувате затоа што неговите постапки не помагаат на бизнисот или на другите колеги.
Примери за токсични вработени:
1. Негативен песимист: Постојано ги лови грешките на другите, ги укажува туѓите пропусти. Тој не верува дека ќе успее проектот, задачата или во тимот и секогаш кажува реченици како „Ова нема да успее“, „Знаев дека нема да успее“, „Залудно се трудиш“.
2. Вечна жртва: Верува дека целиот свет е свртен против него/неа, постојано се жали на обемот на работата и секогаш има лош израз на лицето. Се е секогаш тешко за оваа личност и се жали на други луѓе или на вработените на повисоки позиции.
3. Крал/кралица на драмата: Паниката е вообичаен начин на реагирање на овие луѓе. Кога нешто вие ќе им се пожалите нешто, секогаш тие одговараат со „А да слушнеш мене како ми беше минатата недела“. Имаат потреба да бидат во центарот на вниманието и да бидат перцепирани од другите како да се „преоптоварени“ со работа.
4. Љубители на озборувања: Не само што е извор на бескорисни информации, покрај тоа троши и премногу време.
Кој е лекот?
1. Feedback 1на1
Со пријателски тон, на само, можете да дадете фидбек како: „Ако имаш проблем со работата, можеби треба да разговараш со твојот претпоставен“, или „Навистина не сакам да учествувам во вакви разговори со другите“.
2. Коментар за однесувањето, а не за личноста.
Не може да кажеме „Ти си крал на изговорите и мрзлив човек“ бидејќи тоа нема да ги подобри односите на колегата. Со фидбек, ги издвојуваме само одредени постапки: „Верувам дека си се потрудил, но ова е трет пат твојот дел од задачата да не е завршен“. Можеби треба да размислиш за подобра организација. Ако ти е преку глава можеш да побараш помош од нас, отколку да не оставиш на цедило.
3. Кога е потребно, реагирајте јавно.
Кога токсична личност има поширока публика, може да се случи да даде злонамерни коментари или да изврши негативно влијание. Понекогаш е неопходно да се прекине со ова однесување на убав начин: „Дали има повратни информации што би ни помогнале на сите во овој процес и што би сакал да го споделиш со нас?
4. Прифатете дека некои луѓе едноставно не се менуваат.
Компанијата Нетфликс измисли термин за вработените чии перформанси и капацитети се генијални, но нивното однесување е токсично. Терминот е „brilliant jerk“ и Нетфликс мисли дека овие луѓе немаат место во нивната компанија.
5. Како надреден, евидентирајте ги токсичните однесувања.
Ако и покрај вашите напори, нема подобрување и сфатите дека „брилијантниот кретен“ треба да го напушти тимот, снимањето и документирањето на конкуренти однесувања ќе ви помогне да стратегирате пријателско заминување или само… Заминување.