По поројните дождови денеска водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.

Во општина Долнени поплавени се неколку села – Лажани, Дебреште и Житоше, а најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. – соопшти ЦУК.

За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово.

Причина за поплавата е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, потопи поголем број на куќи, рече градоначалникот. кој информира дека има евакуирани граѓани, и тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели.

Во моментот на терен се наоѓат екипи на Центарот за управување со кризи, противпожарни возила, како и граѓани кои со трактори кои им помагаат на екипите

Ангажирани се два багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со три пожарникари со едно теренско возило.

ИЗВОРНова Македонија / Фото: Игор Бансколиев
претходниот член,Максим Илковски: Филмот не е должен да ја прикажува реалноста прецизно или да е историска репортажа
Следната статијаКако да се справите со токсичен колега на работа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде