Не е едноставно да изберете партнер, особено ако тоа подразбира воведување на некого во вашиот секојдневен живот, навики, активности, лоши и добри денови.

Иако многу луѓе кои изборот на партнерот го прават несвесно – врз база на моментална сексуална привлечност и страст или имаат список на карактеристики кои треба да ги поседува партнерот.

Односот помеѓу луѓето е непредвидлив, а никој не можеме целосно да го знаеме бидејќи човекот е комплексно суштество.

Но како и да е, постојат одредени својства од вашата синергија, интеракција и однос кои ќе ви помогнат да потврдите дека некој е „вистинскиот избор за вас“.

two person holding papercut heart

Не ви е проблем да постигнете договор 

Уживате заеднички да планирате, не ви оди тешко да дојдете до конечни решенија, договори од тоа кој ќе го подготви јадењето до капитални животни одлуки на пример кога е време за деца.

Ако комуникацијата со некој ви е отежната и не можете да се договорите глатко, тогаш тоа ќе ви се провлекува низ животот, а како ќе опаѓа страста и животот ќе ви нанесува поголеми одговорности и проблеми толку потешко ќе можете да се носите со потешкотиите во постигнување на договор.

Заемно си угодувате

Не ви е проблем да направите нешто за вашиот партнер што го чини среќен и забележувате дека тој со сите сили искрено се труди да види насмевка на вашето лица.

Тоа значи дека односот е поставен на алтруизам и здрави темели. Ви престои убава заедничка иднина.

Меѓусебно се подржувате 

Секому му е потребен партнер кој ќе му помогне да ги направи работите подобро и ќе му биде безрезервна поддршка.

Не ви треба партнер кој постојано ќе ви кажува што треба да правите и имплицитно да ви дава до знаење дека не сте доволно добар/добра.

Таков партнер не ви посакува успех и среќа, а љубов во која не се подразбира дека некому му посакувате успех и среќа има патолошки и абнормални основи кои со тек на време може да се претворат во патолошка љубомора, суров натпревар со партнерот, обиди да ве отуѓи од социјалните контакти, да ве изолира и сл.

Таков однос ќе го уништи целиот ваш живот и здравје.

Имате волја да ги решите проблемите 

Во секоја врска има проблеми и никаде не е мед и млеко. Тајната на успешното партнерство е во тоа што и двајцата покажувате волја да ги надминете проблемите, а не да останете „заглавени“ во нив.

Ако се справувате со финансиска потешкотија свесни сте дека тоа е моментална фаза од животот која ќе помине и тоа не ја нарушува вашата љубовна атмосфера.

Волјата да се излезе од ситуацијата и заеднички да се работи на надминување на проблемите секој пар го прави поблизок и поинтимен.

Помеѓу вас постои привлечност која ја одржувате 

Хемија во врската се одржува, а вистинскиот партнер ќе направи се да ги задоволи вашите апетити во кревет.

Вашиот партнер не треба да биде себичен и концентриран само на себе, тој сексуалниот чин го сфаќа како заемна интеракција, а не како его-билдање или физичко празнење.

Неизмерно се почитувате

Ако сакате да дознаете дали некој е „вистински“ за вас забележете го начинот на кој ви дели критики.

Секако партнерот е тој што најмногу ќе ве критикува, но неговата критика треба да ве инспирира, да ве подигне, да ве потсети кои сте, да ве мотивира, да ве направи посилни личности.

Не ви треба некој што ќе ви дели критики за да ве ослаби ментално и да создаде простор за манипулација.

Вистинскиот партнер дури и кога ве критикува за тоа како сте завршиле некоја работа го прави тоа со максимална почит.

Тој/таа никогаш во животот нема да ве навреди или омаловажи!