Високите стандарди во работењето и професионалноста се резултат на долгогодишна посветеност и градење и се важни за вашиот идентитет и однос кон нештата. Доколку имате континуирано високи стандарди при работа, ја стекнувате довербата на луѓето и станувате лидер. Во спротивно секогаш некој друг ќе ви го одредува денот, расположението, работните задачи и др. 

Но печатот на професионалноста и високите стандарди не се добива тукутака, за нив е потребна долгогодишна работа и посветеност. Навиките играат клучна улога во градење на професионален и висок стандард кон работењето.

Еве кои навики треба да ги применувате чекор по чекор за да ја постигнете вашата цел:

Довербата што ја градите со вашите соработници и корисници или клиенти е најважен идникатор за вашата професионалност и високи стандарди во работењето.
Секој професионален и успешен човек има планер 

Без разлика дали вашиот мобилен телефон, апликацијата на таблетот или лаптопот, роковникот или обичен лист хартија ги содржат вашите артикулирани планови за утре или за идната недела, планирањето на вашите активности е клучно за професионална работа и високи стандарди при работењето.

Професионалците однапред предвидуваат што ќе се случува во блиска иднина и имаат план Б доколку нешто не тргне согласно првичниот план. Планирањето ја зголемува нашата мотивација и подготвува нашата психа и тело за активностите што претстојат.

Професионалецот е секогаш навреме 

Луѓето кои имаат желба, ама немаат идеја за реализација, секогаш зборуваат во идно неопределено време. Тие немаат проблем да задоцнат, да бркаат последни рокови и да направат грешки под притисок на време.

Професионалците напротив ги разбираат постулатите на добрата организираност и времето го користат како свој сојузник, а не свој непријател. Во моментот кога треба да се случи конечната реализација тие мирно и спокојно постапуваат бидејќи имаат веќе однапред се уредено и подготвено.

Ниту еден сработен проект не е само за исполнување на норма

На професионалецот му е поважен квалитетот одошто квантитетот. Доколку денеска не може да сработи согласно поставените стандарди – естетички, етички и стандарди за квалитет, тој ќе земе одмор, но нема да сработи колку да даде привид дека нешто направил.

Она што професионалецот го прави мора да е добро или воопшто не го прави. Ниту еден човек не може да е беспрекорен постојано, но може да го дава само она што е резултат на беспрекорна работа на другите.

Професионалецот е одговорен 

Ако на професионалец му укажете на неговата грешка тој ќе ви се извини и се чувствува лошо поради тоа што дозволил да погреши. Грешката ќе си ја признае и преземе како своја одговорност.

Професионалецот никогаш не ги обвинува другите за своите неуспеси, токму затоа има бесконечни можности да напредува.

Автор: Магдалена Стојмановиќ