Еве како да ја загреете куќата или станот без да морате да го вклучите грејачот – толку е лесно да се запрашате како не сте знаеле до сега, трикот гарантирано ќе функционира.

Експертот Дејвид Тарнер за британските медиуми изјави дека има една промена во домот која ќе го направи станот потопол, а нема да морате да се загревате и да трошите струја, а со тоа да ги зголемите сметките.

Неговиот трик е потполно бесплатен и гарантирано функционира, потребно е само малку труд и креативност.

Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да се загрее куќата. На тој начин ќе заштедите на сметките за струја, доколку станот го загреете на електрични греалки, вели тој.

Се работи за поместување на мебелот и правење нов „распоред“ во собите, бидејќи големите парчиња мебел пред радијаторот го блокираат преминот на топлиот воздух и го впиваат.

Со други зборови, вие го загревате каучот, а не луѓето што седат на него и остатокот од собата!

Даваните, софите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да го спречат неговото циркулирање. Преместувањето на големи парчиња мебел така што тие не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просторијата да биде потопла, рече тој.