Често се сретнува формулацијата „така да“, за жал не само во неформален контекст, туку и во медиумите. 

Сепак потребно е да имаме на ум дека формулацијата „така да“ не е вбројана во Правописот на македонскиот јазик и не претставува автентичен сврзник за македонскиот јазик.

Овој сврзник во суштина е вулгаризам кој нашол широка примена во македонскиот јазик.

Наместо „така да“ треба да го користиме сврзникот „така што“ поради нивниот синонимен однос.

Сврзникот „така што“ се употребува во зависносложени реченици, во кои се покажува условен причинско-последична врска помеѓу тврдењата или исказите.