Кога го потиснуваме гневот и не дозволуваме да се појави, тој останува заробен во нашите тела. Тогаш се акумулира негативна енергија и почнуваме да се чувствуваме лошо. Во такви ситуации, особено кога се појавува голема количина на гнев, си давам простор и време да се смирам. Се обидувам да останам трезвена и да не реагирам веднаш. Наместо на другите, енергијата ја фокусирам на себе, што на моето тело му дава сигнал да го сакам – открива психологот Диана Бред.

Се трудам да дишам опуштено, да земам краток здив, проследено со долго издишување кое му дава знак на мозокот дека треба да се опушти и одмори. Кога чувствувам напнатост, одлучувам да прошетам, да го истурам гневот на карпа, да се стегнам или да удирам во перница – рекла таа и додала дека ова е најдобриот начин да се ослободите од енергијата и да не наштетите на некој друг.