Кога деновите се топли, а температурата е висока, треба многу да внимаваме на нашите миленици. Тие зависат од нас, така што ладењето е толку важно за да се спречи топлотен удар, на кој тие се многу чувствителни.

Три начини да ги разладите:

  • Место во сенка

Доколку имате домашно милениче кое е во дворот, многу е важно да му обезбедите место под сенка. Нивните куќи, кога се на сонце, во никој случај не се добро решение бидејќи топлината останува заробена во нив. Направете му место под сенка, доколку немате внесете го во вашиот дом преку ден.

  • Ладна вода

Погрижете се постојано да имаат ладна вода. Можат да се дехидрираат, па најдобро би било водата да ја истурите во леген за секогаш да имаат повеќе вода.

  • Прошетки само навечер

Најдобар начин да го разладите вашето куче е всушност да избегнувате прошетки помеѓу 13 и 17 часот, кога е разбирливо топло и за вас. Долгото останување на врел асфалт или песок може да предизвика вашето домашно милениче да ги изгори шепите.

Се препорачуваат прошетки или наутро или навечер, кога температурата паѓа. Ако имате боксер, булдог, пекинезе или бостонски териер, треба да бидете особено внимателни!

Кучињата со брахицефалична вилица тешко се справуваат со ова време, бидејќи нивното задишување не е толку ефикасно како она на другите кучиња.