Група истражувачи во САД ги повикаа властите да повлечат одредени средства за заштита од сонце од пазарот, вклучувајќи ги и брендовите „Копертоне“, „Банана брод“ и „Неутрогена“, наведувајќи дека пронашле докази за потенцијални канцерогени супстанции во тие производи.

Научниците поднесоа петиција до Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да ги повлече од продажба сите креми за сончање што содржат активна состојка окторлиен.

Производите направени со оваа хемикалија може да содржат бензофенон, за кој постои сомневање дека е канцероген и може да влијае на клучните хормони и репродуктивните органи, тврди група истражувачи предводени од Крег Даунс, кој е извршен директор на непрофитната еколошка лабораторија Haereticus.

Трговската група го нарече извештајот погрешен.

Околу 2.400 производи за заштита од сонце се направени со окторлиен и не знаеме колку се безбедни, рече Даунс, кој ја поднесе петицијата.

Според него, ФДУ не знае колку се безбедни овие производи и „бескрупулозно е да се дозволи нешто за кое не знаеме дали е безбедно или не“.

Контроверзноста околу кремите за сончање започна во 2019 година кога ФДА ги праша производителите за безбедноста на хемиските состојки, вклучително и окторлиен.

Во мај, независна лабораторија за тестирање пронајде друг можен канцероген, бензен, во неколку производи, што доведе до некои повлекувања.

Затоа осигурајте се дека кремата за сончање не содржи бензен или окторлиен.

ИЗВОРНова економија
претходниот член,Детокс вода: Додадете циртруси и зголемете го ефектот на ладење
Следната статијаМоменталната состојба со пожарите на територија на Македонија