Деновите се покуси, сонцето е се помалку присутно во нашето секојдневие, имаме недостиг на витамин Ц, денот помалку трае, имаме помалку можности за поминување на време во природата поради студеното време, се ова влијае на нашето расположение, а еве неколку совети како да го поправиме расположението во зимските денови:

  • Изложете се на повеќе светлина

Обидете се да поминувате време на отворено во текот на денот. Ова значително ќе го подобри вашето расположение и општата благосостојба.

На крајот на краиштата, многу психолози веруваат дека главната причина за појавата на таква состојба е недоволната количина на светлина, поради што нашето тело ја губи виталноста.

Исто така, останувањето на светлина е важно и за витаминот Д, кој научно е докажано дека е поврзан со расположението.

  • Користете светли и омилени бои

Ентериер, облека, додатоци. Украсете ги ѕидовите од вашиот дом со слики, ставете цвеќе во вазна, а на кујнската маса по можност имајте сад полн со шарени и вкусни плодови. Боите можат да донесат спокојство во мрачен ден!

  • Шетајте, трчајте, скокајте, вежбајте, водете љубов

Правете што сакате, но не дозволувајте цел ден да се одморите на каучот пред телевизорот. Движењето е она што во нас буди витална енергија која помага да се надминат сите тешкотии и ментално нестабилни состојби.