Речиси секој вработен сака покрај себе да има соработник кој често ќе му „излегува во пресрет“, на кој можете да се потпрете и кој е секогаш расположен. Затоа, ви даваме неколку совети како да бидете подобар и омилен колега:

  • Не зборувајте премногу гласно

Кога зборувате на телефон, не треба секој да слуша за што зборувате и на кого се јавувате.

Затоа, не зборувајте премногу гласно на вашиот мобилен телефон, не слушајте гласна музика и не ги вознемирувајте другите. Ова се ситници кои можат да го изнервираат вашиот колега.

  • Не бидете фалбаџии

Дури и кога постигнувате завидни резултати или стекнувате некој важен партнер за соработка со вашата компанија, не се фалете сами себеси. Наместо тоа, причекајте некој друг да го направи тоа. Никој не сака да има колега во канцеларијата што зборува само за себе и за своите успеси.

  • Избегнувајте канцелариски озборувања

Канцелариските озборувања се честа појава во работната средина, особено во поголемите компании.

Ако сакате да бидете вработен со добра репутација, најдобро е да ги избегнувате. Затоа, ве советуваме да се преправате дека не ги слушате се додека „малите канцелариски озборувања“ не станат злонамерни.

  • Не оставајте неред зад себе

Не оставајте хаос зад себе. На пример, не оставајте чинија, прибор и храна на масата после оброк, туку раскренете си ги.

Приватни проблеми чувајте ги дома, не носете ги на работа

Обидете се да не дозволите вашиот приватен живот да влијае на вашата работа. Затоа избегнувајте да зборувате за љубовни проблеми, религија или политика. Имајте на ум дека не сите од колегите ви се блиски пријатели.

  • Бидете уредни

Грижете се за вашиот изглед и хигиена. Колегите во канцеларија забележуваат се, па затоа носете примерна, соодветна облека, редовно посетувајте фризер, а мажите секојдневно треба да внимаваат да бидат свежо избричени.