Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде -7, а максималната дневна ќе достигне 8 степени.

  • Состојба на пат 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.