Јасмина Арсова е енерготерапевт кој со години работи на семејни констелации и други холистички пристапи за лична трансформација и исцелување. Во својата практика, таа вели дека користи древни шамански методи за да им помогне на луѓето да го препознаат коренот на своите проблеми – таму каде што често се испреплетуваат духот, психата и семејното наследство – и да најдат соодветен начин да се соочат со нив.
Нејзиниот пат кон енерготерапијата не започнал како професионална определба, туку како длабока лична потрага. По двојната победа над ракот, Јасмина почувствувала дека одговорите не се само во физичкото тело, туку и во внатрешниот свет. Токму тие искуства ја насочиле кон шаманизмот и енергетската работа, каде што започнала да го истражува значењето на траумите, наследените обрасци и нивното влијание врз здравјето и животот.
Денес, таа им помага на бројни клиенти, иако отворено признава дека општеството сè уште не е целосно подготвено да ги прифати алтернативните методи на терапија. Поради тоа, често се соочува со критики, а дел од нејзините клиенти избегнуваат јавно да зборуваат за своите искуства со енерготерапијата.
За целите, смислата и примената на енерготерапијата, Јасмина Арсова зборува во емисијата Мој збор, во продолжение.


















