Доколку сакате да имате квалитетен сон, многу е важно што ќе јадете непосредно пред спиењето.

Често сме навикнати да излегуваме навечер, да јадеме брза храна, а често и да испиеме по некое алкохолно пиење.

Но оваа навика значително ја намалува должината и квалитетот на сонот. А вие наместо да се чувствувате свежи и одморени, наутро ќе станете без никаква волја да се придвижите до тоалет шољата.

Исфрлете го шеќерот 

Слатките задоволства исфрлете ги од листата на намирници за вечера. Шеќерот многу бргу прегорува во крвта иако на момент ќе ви даде чувство на ситост.

По некое време наглиот пад на шеќер во крвта ќе ви предизвика огромна глад што е причина навечер да станувате и да барате некое „слатко задоволство“.

Внимавајте со конзумирање на шеќер бидејќи освен што ќе ве здебели, може да ви предизвика проблем со спиењето и порано будење поради чувство на глад.

Чист протеин

Најдобро е да конзумирате протеинска храна и тоа од растително потекло, на пример – ореви, бадеми или микс од јаткасти плодови.

Од месо може да се послужите со морска храна или пилешко месо готвено во малку масло.

Во овој период од годината убедливо најкорисно растение е пченката – варена или печена, таа ви ја надоместува потребата од витамин Д и содржи голема концентрација на протеин.

Протеините даваат долгорочна енергија, што значи дека глад сигурно нема да ви го наруши сонот.