Италијанската влада спречи склучување на договор помеѓу телекомуникацискиот провајдер Fastweb и компанијата Huawei, поради најавената употреба на опремата на кинескиот технолошки гигант за изградба на 5G мрежа, пишува Ројтерс.

Одлуката претставува прв пат италијанската влада официјално да ја блокира набавката на опрема Huawei 5G.

Најголемата италијанска телекомуникациска група, Телеком Италија, претходно доброволно ја изостави Huawei од тендерот за набавка на опрема за главната 5G мрежа во земјата.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој ја посети Италија во септември, ја опиша кинеската телекомуникациска технологија како „закана за националната безбедност на Италија“.

Huawei остро ги негира обвинувањата на американската влада, додека италијанскиот огранок на таа компанија изјави дека е подготвен на какви било тестови, со цел да докаже дека нивната технологија е безбедна.

Сепак, италијанската влада сепак спречи Fastweb, чиј сопственик е Swisscom, да склучи договор со кинеската компанија во нејзината главна 5G мрежа, каде што се обработуваат чувствителни податоци, со барање од Fastweb да ја прошири листата на свои добавувачи.